Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на Адвокатската комора на РМ да се поднесуваат тужби против сите адвокати кои имаат ненамирени членарини заклучно со 31.12.2017 година донесена на 24.04.2018, Адвокатската комора објавува јавен повик за ангажирање на адвокати за подготвување на тужбите и застапување пред судовите во постапката за наплата на членарината во рок од 3 дена. Заинтересираните адвокати треба да се пријават на емаил - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Услов за ангажирање на адвокатите е во целост да ја имаат намирено членарината и адвокатската награда по Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите да ја наплатат истовремено со наплатата на побарувањето, а во случај на ненаплатување адвокатската услуга адвокатот е поготвен да ја пружи про-боно на Комората.
Jавен повик за ангажирање на адвокати за подготвување на тужбите и застапување пред судовите во постапката за наплата на членарина
Изборот и вкупниот број на ангажирани адвокати ќе ги определи Комисијата за прием, упис и бришење од Имениците и издавање и одземање на лиценца, а извршниот директор на комората ќе ги потпишува договорите со адвокатите.
Доколку адвокатот и после покренување на постапката не ја плаќа членарината, со пролонгирање на постапката, одбегнување на обврската за плаќање на било кој начин вклучително и преку приговори за застареност, од страна на Комисијата за прием, упис и бришење од Имениците и издавање и одземање на лиценца, да биде донесена Одлука за престанок на правото на вршење на адвокатска дејност (член 23 став 2 точка 6 од Законот за адвокатура).
Со цел одбегнување на покренување на постапки против адвокатите кои имаат ненамирени членарини, истите ги упатуваме веднаш да ги подмират членарините.