Обуката со поздравен збор ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски, кој го истакна значењето на соработката на Адвокатската комора на РМ со Советот на Европа. Придобивките од овој проект, како што истакна претседателот Додевски, ќе бидат долгорочни не само за адвокатите кои ќе бидат обучени, туку и за Адвокатската комора како професионална организација во однос на зајакнување и проширување на капацитетите за продолжување на правното образование на адвокатите.
Предавачи на обуката беа г-ѓа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и г. Марко Андонов, професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.