Почитувани колеги,
Како член на Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот нотаријатот оформена од министерот за правда, би сакал да Ве известам дека од страна на Министерството за правда е доставен пречистен текст на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријат во кој сите алтернативи кои беа дадени од Адвокатската комора на РМ се целосно избришани, додека нотарскиот акт е воведен за сите правни работи. Со тоа сосема е намалена можноста за изготвување приватни исправи.
Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата, Адвокатската комора, како засегната страна, преку моето учество во Комисијата, преку бројни дописи од Управниот одбор до Министерство за правда, како и преку учество на јавна дебата за Законот за нотаријат беше активно вклучена во одбрана на постоечките решенија.
Во меѓувреме, дополнително, Адвокатската комора на РМ се обрати со писмо до Владата на РМ со надеж дека навреме ќе бидат спречени состојби кои единствено би и наштетиле на адвокатурата, која е најголем вработувач на правници во државата.
Со почит,
Александар Танчевски, член на Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот нотаријатот и член на УО на Адвокатската комора на РМ
>> Пречистениот текст на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријат без алтернативи преземете го од линкот подолу