Обука за Законот за кривичната постапка одржана во Струмица

05 Февруари 2018
Адвокатската комора на РМ во соработка и со финансиска поддршка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД во Скопје на  Законот за кривичната постапка на 2 и 3 февруари во Струмица во рамки на заеднички проект одржа практична обука за Закон за кривичната постапка.


На обуката се обрати претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски, кој го истакна значењето на проектот за адвокатите, како и задоволството од поддршката на  Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД во Скопје заради препознавање на потребата за имплементација на еден ваков проект.

Предавачи на обуката беа адвокатката Павлина Зефиќ од Скопје и  адвокат Љубомир Михајловски од Скопје. 


Во рамки на обуката беше спроведена и симулација на главна расправа, а адвокатите низ активна дискусија ги акцентираа проблеми со кои се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот за кривичната постапка. 

Генерален заклучок од обуката е дека кривичната постапка ќе ја оствари својата цел единствено ако се обезбеди вистинска еднаквост на оружјата на странките во постапката  и дека за таа цел неопходни измени со цел подобрување на позицијата на одбраната и осигурување на ефективна одбрана.

Во рамки на проектот досега се спроведени повеќе обуки во повеќе адвокатски заедници.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме