Ново претседателство на Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа

09 Јануари 2018

На 1 јануари оваа година Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа (CCBE) доби ново претседателство. Нов претседател на CCBE е чешкиот адвокат  Антонин Мокри, а нови потпретседатели се Жозе де Фреиташ од Португалија, како прв потпретседател, Ранко Пелицариќ од Хрватска, како втор потпретседател и Маргарет фон Гален од Германија, како трет потпретседател. Изборот на новото претседателство на Советот беше извршено на Пленарната седница која се одржа на 24 ноември.

Ранко Пелицариќ, Маргарет фон Гален, Антонин Мокри и Жозе де Фреиташ

Новиот претседател на Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа,  Антонин Мокри, е адвокат од Прага, Република Чешка. Мокри е доктор на правни науки и бил потпретседател на Чешката адвокатска комора и член на претседателството на СCCBE. 

Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа обединува над еден милион адвокати од 32 земји во Европа, меѓу кои и Република Македонија преку членството на Адвокатската комора на РМ. .

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме