Вчера на веб страницата ener.gov.mk е објавен Предлог-законот за нотаријат каде што засегнатите страни можат да даваат коментари.
Измените на Законот за нотаријат се иницирани од Стопанската комора на РМ, а Адвокатската комора преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот нотаријатот оформена од министерот за правда ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите и задржување на постоечките решенија од Законот за нотаријат или либерализација нотаријатот.
Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог законот и сите алтернативи и своите коментари и јасни ставови директно да ги внесат на веб страницата на ЕНЕР (КЛИКНИ ТУКА), или, пак, заклучно со 25.11.17 да ги достават до Комората на меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за понатаму да бидат проследени до Владата на РМ.
>> Предлог-законот со коментари преземете го од линкот подолу.
Адвокатите да дадат свои коментари на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот
Преземи документ:
- Предлог-закон за нотаријат со алтернативи (426 Преземања)