На веб страницата ener.gov.mk е објавен Предлог-законот за извршување каде што засегнатите страни можат да даваат коментари.
Адвокатската комора на РМ преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот извршување оформена од министерот за правда ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите.
Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог законот и сите алтернативи и своите коментари и јасни ставови директно да ги внесат на веб страницата на ЕНЕР (КЛИКНИ ТУКА), или, пак, заклучно со 19.11.17 да ги достават до Комората на меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за понатаму да бидат проследени до Владата на РМ.
>> Предлог-законот со коментари преземете го од линкот подолу.
Адвокатите да ги дадат своите коментари на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување
Преземи документ: