ВИДЕО ПРЕДАВАЊЕ - ДОКАЗИ И ПРИГОВОРИ

14 Ноември 2017

Новиот Закон за кривична постапка (понатаму во текстот: ЗКП) бара адвокатите на одбраната да бидат проактивни, особено во текот на главната расправа. Да се биде проактивен значи постојано да се внимава на основните доказни принципи. Ова е неопходно за да се презентираат убедливи и разумни аргументи за тоа зошто одделни докази треба да бидат одбиени или да им се посвети малку верба и зошто одделни докази треба да бидат допуштени особено доколку сите претходни услови се исполнети. Во текот на судењето овие аргументи, обично, се изнесуваат усно и се нарекуваат приговори. Видеото, кое можете да го најдете ТУКА, поделено во три дела, има цел да ги запознае искусните адвокати, обучени во континенталното право, со основните начела кои се однесуваат на доказите и со доказните приговори. Видеото е пропратено и со публикација која можете да ја разгледате овде Докази и приговори.

 *Обучувач Мајкл Г. Карнавас, Адвокат од САД со над 30 годишно искуство, вклучувајќи и меѓународно искуство пред Меѓународниот кривичен суд (ICC), Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (ICTY), Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда (ICTR), како и Вонредните совети во судовите во Камбоџа (ECCC). Изминатите 20 години тој обучува правни практичари и студенти по право за адвокатски вештини за време на судење. Од октомври 2006 до март 2009 тој претседаваше со Асоцијацијата на бранители кои постапуваат пред ICTY.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме