Огромен интерес на првата обука од областа на на форензичките техники и новини, што во организација на Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ на 21 декември 2016 година се одржа во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.
Предавач на обуката беше доц. д-р Слободан Оклевски, началник на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, кој стави акцент на темите: „Криминалистичка регистрација и идентификација на лица“, „Истрага на место на настан“, „Трасологија и контактна криминалистичка теорија“ и „Видови криминалистички анализи и вештачења“.
Учесниците на обуката, адвокати и јавнообвинителски службеници, активно се вклучија во дискусијата во рамки на обуката, како и во реализацијата на практичните примери.
Обуката е прва од низата обуки на предметната тема, кои се предвидени да се одржат во рамки на соработката помеѓу Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ.