ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН НИКОЛА ДОДЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г-ЃА СПАСЕНКА АНДОНОВА

14 Октомври 2016

Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, г-дин Никола Додевски на 07.10.2016 година одржа работна средба со претседателот на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, г-ѓа Спасенка Андонова.

На овој состанок беа разменети информации за актуелните проекти, како на Комората, така и на Здружението, но беше акцентирана и потребата од запознавање на меѓусебните капацитети за соработка, односно за интензивирање на истата во сите сфери на заемен интерес.

Како заклучок, констатираа дека неопходно е да се делува во насока на зајакнување на контактите преку одржување на дополнителни средби со цел конципирање, прецизирање, утврдување и реализација на заеднички проекти.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме