Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ започнуваат соработка за реализација на обуки од областа на форензиката

11 Декември 2016

Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ започнуваат проект во рамки на кој е предвидено реализација на повеќе обуки од областа на форензиката. 

Фокусот на соработката ќе биде насочен кон обука на адвокати и јавнообвинителски службеници, преку повеќе еднодневни настани, од кои првиот е предвидено да се одржи на 21 декември 2016 година со почеток во 11:00 часот, во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.

Целта на обуката е адвокатите и јавнообвинителските службеници  да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.

Процесот на реформите и унапредувањето на целокупниот правен систем на Република Македонија, претставува постојан предизвик на сите институции, инволвирани во оваа сфера. Свој придонес во оваа насока, со континуирани активности, како во областа на стручно доусовршување и подобрување на професионалните стандарди и интереси на носителите од правната фела, така и преку дејствување со цел зајакнување на меѓуинституционалната соработка, даваат Адвокатската Комора на Република Македонија и Здружението на јавните обвинители во Република Македонија. 


>> ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН НИКОЛА ДОДЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г-ЃА СПАСЕНКА АНДОНОВА

 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме