Донација на книги од проф. д-р Благоја Брајановски

09 Јуни 2016
Стотина книги од изданието „Коментар на Законот за стечај“ од авторите проф. д-р Благоја Брајановски, проф д-р Тито Беличанец и проф. д-р Александар Николовски вчера, 09.06.2016, од страна на проф. д-р Брајановски беа донирани за збогатување на библиотечниот фонд на Адвокатската комора на РМ (АКРМ).
За проф. д-р Брајановски, како што рече, голема чест и задоволство е што книгите ги подарува токму на Адвокатската комора на РМ, со оглед дека се работи за материја која адвокатите секојдневно ја применуваат.

Претседателот на Адвокатската комора, г-дин Никола Додевски, во име на АКРМ се заблагодари и го изрази своето задоволство, истакнувајќи дека книгите донирани на вистинското место, во рацете на професионалци на кои навистина ќе им користат.  

Во знак на благодарност, на проф. д-р Брајановски од страна на Адвокатската комора му беше доделена плакета. 


Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме