Излезе Информативниот билтен на Советот на адвокатски комори и правни здруженија  (CCBE) за март 2016 година.


Главниот акцент на ова издание е ставен на транспарентноста и професионалната тајност.

„Во денешно време, секој би посакал транспарентноста да претставува доблест, а професионалната тајност да служи за прикривање на сите видови несогласувања и штетни дејствија. Транспарентноста е задолжителна и на социјалните мрежи, што е во директен судир со личната приватност. Транспарентност наметнуваат и државите, кои сакаат да знаат сè за нашите приватни и јавни животи. Постојат обиди таквата транспарентност да се наметне и врз државата и нејзините институции и органи, со цел, да се врши контрола врз сите видови одлуки и однесувања. Транспарентноста го укина правото на приватност“, вели во уредничкиот коментар претседателот на CCBE, Мишел Беничоу.