
На средбата беа разменети компаративни искуства за начинот на функционирање на адвокатските комори на Македонија и Шведска, како и на адвокатурата во двете земји со желба за идна соработка.
Претседателот на АКРМ изрази задоволтсво од средбата посочувајќи дека странските искуства се секогаш добредојдени за унапредување на капацитетите на Комората, како и за изнаоѓање на најдобри решенија за унапредување на адвокатурата воопшто.