Претседателот на Адвокатската комора на РМ, г-дин Никола Додевски, на покана на Комората на извршители на РМ се обрати на свечената академија по повод 10-годишнината од основањето на Комората на извршители на РМ што на 3 јуни 2016 година се одржа во Музејот на македонската борба во Скопје.
Претседателот на Адвокатската комора во своето обраќање се осврна на соработката помеѓу Адвокатската комора и Комората на извршители истакнувајќи дека во практиката адвокатите и извршителите имаат одлична соработка.
„Изминативе десет години, соработката со извршителите во практиката е уште подобра отколку што се очекуваше. Имавме извонредна соработка како адвокати и како Адвокатска комора на РМ со извршителите и со Комората на извршители. Би сакал да го изразам задоволството од таквата соработка, а особено што таа соработка секогаш одела низ размена на мислења, заеднички дискусии и изнаоѓање на заеднички решенија. Во тоа е и најголемото значење од соработката со извршителите и со Комората на извршителите. Со претседателот на Комората имаме извонредно разбирање што се согледува во изнаоѓањето на усогласени ставови за законските решенија“, истакна тој изразувајќи уверување дека таквата позитивна практика ќе продолжи и во иднина.