Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

16 Мај 2016

Прирачникот за европското законодавство за заштита на податоците е подготвен заеднички од страна на Европската агенција за основните права (ЕАОП) и Советот на Европа во соработка со Административната служба на Европскиот суд за човековите права. Тој е трет во низата на правни прирачници кои се заеднички подготвени од страна на ЕАОП и Советот на Европа. Во март 2011 година е објавен првиот прирачник за европското право за недискриминација, а во јуни 2013 година е објавен вториот прирачник за европското право во врска со азилот, границите и имиграцијата.

Целта на Прирачникот е да се подигне свеста и да се подобри информираноста за прописите за заштита на податоците во државите членки на Европската Унија и на Советот на Европа, служејќи им на читателите како главна референтна точка. Наменет е за адвокати, судии и за други правни практичари, како и за лицата што работат за други органи.

На 6 мај годинава, во хотелот Арка во Скопје, преводот  на македонски јазик на Прирачникот  беше промовиран од Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ), Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и Народниот правобранител на Република Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме