СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА СТЕФАН АНДОНОВСКИ

22 Септември 2026

Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски, оствари средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

На средбата присуствуваа и заменик-претседателот на Комората, адвокат Дарко Ѓорѓиевски, и адвокатката Ружица Николовска.


На средбата се разговараше за можностите за унапредување на дигиталните услуги од значење за адвокатите и граѓаните, како и за продлабочување на институционалната соработка во процесот на дигитална трансформација.

Посебно беше разгледана можноста адвокатите, врз основа на полномошно, во име на своите странки да поднесуваат барања и да прибавуваат документи преку Националниот портал за електронски услуги и електронските системи на другите државни институции. Ова би претставувало дополнителна опција, покрај постојната можност граѓаните самостојно да ги користат електронските услуги. Ваквата можност би придонела за поедноставување на постапките, намалување на административниот товар и побрз пристап на граѓаните до потребните документи и услуги.

Во текот на средбата беше разгледана и можноста Министерството за дигитална трансформација да обезбеди стручна и техничка поддршка во процесот на дигитализација на внатрешното работење на Адвокатската комора, со цел унапредување на нејзината ефикасност и олеснување на пристапот на адвокатите до услугите што ги обезбедува Комората.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на соработката и за натамошно разгледување конкретни решенија што би овозможиле поефикасно, побрзо и посигурно користење на електронските услуги.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме