СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

23 Септември 2026

Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На средбата присуствуваше и заменик-претседателот на Комората, адвокат Дарко Георгиев.



Во текот на средбата се разговараше за прашања од заеднички интерес, како и за можностите за унапредување на институционалната соработка меѓу Адвокатската комора и Министерството за внатрешни работи.

Посебно беше разгледана можноста претставници на Адвокатската комора да бидат вклучувани во работните групи што се формираат во рамките на Министерството, секогаш кога предметот на работа се однесува на прашања за кои е значајно учеството и придонесот на адвокатурата.

Соговорниците ја истакнаа важноста на непосредната комуникација и конструктивниот дијалог при разгледувањето прашања што се однесуваат на владеењето на правото, правната сигурност и заштитата на правата и интересите на граѓаните.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу двете институции, преку редовна размена на мислења, искуства и предлози за прашањата од заеднички интерес.

 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме