Повик за учество на меѓународна научна конференција „Кога вештачката интелигенција ги изневерува правото и правдата“

10 Септември 2026

Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира меѓународна научна конференција на тема:

„Кога вештачката интелигенција ги изневерува правото и правдата: човекови права, конституционализам и демократска отчетност во алгоритамската ера“
(When AI Betrays Law and Justice: Human Rights, Constitutionalism and Democratic Accountability in the Algorithmic Age)

Конференцијата ќе се одржи на 16 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел „Панорамика“ во Скопје.

Во рамките на конференцијата, меѓународни и домашни експерти ќе дискутираат за влијанието на вештачката интелигенција врз човековите права, владеењето на правото, уставното и демократското управување, пристапот до правда и пазарот на трудот. Ќе бидат презентирани и резултати од емпириско истражување за примената на вештачката интелигенција во Северна Македонија, со осврт на перцепциите на јавноста, корпоративните практики и институционалната подготвеност.

Конференцијата се организира во рамките на истражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.

Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.

Пријавувањето е најдоцна до 12 септември 2026 година.  (Деталната програма е достапна во прилог, а пријавувањето се врши преку QR-кодот наведен на последната страница од програмата.)

 Поканата и деталната програма за конференцијата се достапни во прилог.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме