Адвокатската комора на РМ, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Народниот правобранител на РМ и Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, во петок, на 6 мај 2016 год, од 11:00 до 13:00 часот во хотел „Арка” во Скопје, заедно со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) ќе ја претстават публикацијата „Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците”.
На настанот ќе се обратат: претседателoт на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски; постојаниот претставник на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, г. Ханс-Хелге Зандер; г. Штефан Пирнер, адвокат, регионален проектен раководител при ИРЗ за Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија; г. Иџет Мемети, Народен правобранител; г-ѓа Анета Арнаудовска, судија, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” и г. Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП.
Свои излагања во рамки настанот ќе имаат македонскиот судија во Европскиот суд за човекови права, д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, која ќе говори на тема „Правото на приватност преку праксата на Европскиот суд за човекови права”, како и г. Холгер Хембах, адвокат од Германија, кој ќе се осврне на темата „Правото на заштита на податоците во Европската конвенција за човековите права”.
По излагањата е предвидено доволно време за дискусија и за размена на мислења.
Адвокатите кои се заинтересирани да присуствуваат, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .