ССBE 1Излезе Информативниот билтен на Советот на адвокатски комори и правни здруженија  (CCBE) за март 2016 година.

„Мадрид… Лондон… Париз… Брисел…“ e насловен уредничкиот коментар на Мишел Беничоу,  претседател на ССБЕ. Беничоу се осврнува на терористичките напади во овие главни градови и на сите други места, каде
од истите причини, своите животи ги загубија невини луѓе.

„Во секој случај, ништо не може да го оправда поистоветувањето на бегалците со тероризмот или пак срамната спогодба помеѓу Европската унија и Турција, со која бегалците се третираат како стокови производи наменети за размена. Европа е изградена врз хуманистички вредности“, истакнува тој.

Беничоу,  меѓу другото, во името на CCBE,  ги повикува сите адвокатски комори и здруженија од цела Европа, да дадат свој придонес праќајќи ги своите адвокати на Лезбос на една година, во својство на набљудувачи, да помагаат во обезбедувањето на неопходните документи и да нудат правна помош за бегалците и мигрантите, со поддршка од страна на грчката Адвокатска комора.

Информативниот билтен на CCBE ги опфаќа и следниве теми: „Иднината на правдата“, „Меморандум за разбирање помеѓу CCBE и Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора (ABA ROLI)“, „Интигам Алиев пуштен на слобода“, „Европски ден на адвокатурата“, „Проект на месецот на Европската адвокатска фондација: Украина – Процесни заштитни мерки во кривичните постапки“, „Консултации во врска со легитимацијата на CCBE“, „Генерален конгрес на Федерацијата на европски адвокатски комори (FBE) во Стразбур“,  „Состанок на постојаната Комисија на CCBE во март“,  „Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тема за истражување за 7 европски адвокатски комори и правнички здруженија“.

Во рамки на Билтенот се вградени и линкови до неодамна усвоени документи од страна на Советот : Став и мислење на CCBE во врска со договорните правила за онлајн набавка на стоки и дигитални содржини (COM (2015) 634 и 635) и Став на CCBE во однос на Проектот за пресуди, во врска со законската надлежност и признавањето и извршувањето на пресудите во граѓански и стопански предмети (Број 2).