Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“„ кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, организираат две еднодневни Обуки на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“.
Обуките ќе се одржат со физичко присуство во Скопје, на ден 05 и 06 декември 2024 година, во просториите на програмската канцеларија на Советот на Европа (Деловен центар Соравиа, Филип Втори Македонски 3, 1000 Скопје).
Овие обуки се отворени за сите заинтересирани адвокати, а по комплетирањето на обуките, адвокатите ќе се стекнат со Сертификати за успешно завршена обука.
Материјалите за конкретните обуки „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“ се изработени од домашни консултанти во рамките на гореспоменатиот проект на Европската Унија и Советот на Европа.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведените обуки е до 03 декември 2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назначување за кој датум се пријавуваат.
Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката.
*Напомена:
За оваа обука не е предвидено надоместување на патните трошоци адвокатите кои доаѓаат од другите градови од државата.