(ФОТО) Во Струмица одржани Адвокатските спортски игри 2024

21 Октомври 2024
На 19 октомври 2024 година во Струмица се одржаа Адвокатските спортски игри 2024.

Спортските игри кои се одржуваат еднаш годишно ја симболизираат сплотеноста на адвокатска фела, натпреварувачкиот дух, почитувањето на фер играта и солидарноста.

Адвокатите од различни адвокатски заедници и апелациони подрачја се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, а на најуспешните екипи и поединци им беа врачени пехари. Пехар беше доделен и за најдобро пеење.

Во  дисциплината шах, првото место помеѓу жените го освои Катица Ничевска, адвокатка од Гевгелија, а помеѓу мажите, адвокатот Мухамед Исеини од Гостивар. 



Во дициплината пинг понг,  првото место помеѓу жените го освои адвокатката Љубица Билбилоска од Тетово, додека помеѓу мажите, адвокатот Живко Георгиевски од Струмица.



Во дисциплината пикадо-жени победи адвокатката Лусија Кналијан од Скопје, а од учесниците мажи, адвокатот Васил Арабаџиев од Струмица.




Во натпреварот во фудбал (мажи), првото место го освои тимот од Адвокатската заедница Прилеп, составен од адвокатите: Кирил Топчиоски, Емил Гугучески, Блаже Стојаноски, Славко Петлески, Кирил Тодороски, Славко Петлески, Дарко Герамитчиоски, Димитар Смоквоски и Иван Спиркоски.




Во дисциплината кошарка помеѓу жените, победи тимот од Скопје составен од адвокатките: Елена Грижева, Нена Јованова Ѓорѓиевска, Златка Денковска, Виолета Симоновски и Татјана Соколовска.




Помеѓу мажите во кошарка исто така најуспешен беше тимот од Скопје составен од адвокатите: Дарко Георгиев, Трајче Саздов, Борко Бајалски и Александар Стефанов.




За најкорисен играч на игрите (MVP) беше прогласен адвокатот Јован Танчев од Кочани.


Пехар за фер плеј играч му беше доделен на адвокатот Трајче Саздов од Скопје. 



За најспортски дух, пехар и беше доделен на адвокатката Нина Трпковска од Скопје.



Пехар за најдобро пеење му беше доделен на адвокатот Александар Давчевски од Скопје. 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме