Адвокатската Комора ја продолжува својата соработка со Националниот Центар за државни судови на САД и во рамките на проектот „Континуирана правна едукација за адвокатите од кривичното право во Северна Македонија“ финансиски поддржан од Американската Амбасада во РСМ и INL - Стејт Департментот, организира дводневна обука на тема „Етички дилеми за адвокатите бранители во Северна Македонија“.
Обуката ќе се одржи на 10 и 11 Декември 2024 година во Jaвна соба (Public Room) на ул. 50-та Дивизија бр. 22. Обуката е предвидена да трае од 09.30 до 15.00 часот. Обуката ќе се води од страна на адвокати - обучувачи.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот адвокатите ќе добијат сертификати.