ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: „ПРЕДМЕТ МИТРОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“


МИТРОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА 1

Во предметот Митров против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (Прва Секција), заседавајќи во совет составен од: Ledi Bianku, Претседател, Kristina Pardalos, Linos-Alexandre Sicilianos, Aleš Pejchal, Robert Spano, Armen Harutyunyan, Pauliine Koskelo, судии и Abel Campos, Регистратор на секција Заседавајќи на нејавна седница на 10 мај 2016 година, ја Донесе следната пресуда, која беше усвоена на тој датум:

ПОСТАПКА

1. Предметот започна со жалба (бр. 45959/09) против Република Македонија, поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи (“Конвенцијата“) од страна на македонски државјанин, г. Слободан Митров (“жалителот”), на 17 август 2009 година.

2. Жалителот беше застапуван од г. П. Докузов, адвокат од Штип. Владата на Република Македонија (“Владата“) беше застапувана од нејзиниот агент, г. К. Богданов.

3. Мирјана Лазарова Трајковска, избрана како судија од Република Македонија, се иззема од постапувањето по овој предмет (Правило 28). На 28 април 2016 година, Претседателот на советот одлучи да го именува Pauliine Koskelo да постапува по предметот како ad hoc судија (Правило 29 § 2 (a)).

4. Жалителот се жалеше според член 6 од Конвенцијата дека на првостепениот суд му недостасувала непристрасност и дека бил прекршен принципот на рамноправност на странките. 5. На 4 април 2014 година, жалбата беше доставена до Владата, а останатиот дел од жалбата беше прогласен за недопуштен.

>> Пресудата во целост преземете ја од линкот подолу.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме