ПРЕСУДA НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: „СЛУЧАЈ ВАСИЛЕВСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
ВАСИЛЕВСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА
1 Во случајот Василевски против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (прв оддел), заседавајќи како совет во состав од: Ledi Bianku, Претседател, Мирјана Лазарова Трајковска, Kristina Pardalos, Linos-Alexandre Sicilianos, Robert Spano, Armen Harutyunyan, Pauliine Koskelo, judges, и Abel Campos, Регистар на одделот, Расправајќи на затворена седница на 28 март 2016, Ја донесе следната пресуда, која беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со апликацијата (бр. 22653/08) против Република Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи (“Конвенцијата”) од страна на македонскиот државјанин, г-дин Љупчо Василевски (“апликантот”), на 7 мај 2008, на кој му беше дадена дозвола да се застапува самиот.
2. Владата на Република Македонија (“Владата”) беше застапувана од страна на нејзиниот Агент, г-дин К. Богданов.
3. Апликантот тврдеше дека домашните органи го лишиле од неговата сопственост во спротивност со членот 1 од Протоколот бр. 1 на Конвенцијата.
4. На 20 ноември 2012 апликацијата беше доставена на одговор до Владата...
>> Пресудата во целост преземете ја од линкот подолу.