РЕФОРМИ НА КРИВИЧНОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН


Раководствата на адвокатските комори на Македонија, Србија, Албанија, Kосово и на Босна и Херцеговина, како и претставници на државните органи, меѓународните организации, граѓанското општество и правни професионалци, на вчерашната конференцијата „Реформа на кривичното законодавство“ разменија мислења за достигнувањата и предизвиците произлезени од реформите на кривичното законодавство на Западен Балкан.

Претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски, истакна дека е исклучително важно што во петте држави одбраната се соочува со идентична нерамноправност во однос на другата страна во кривичната постапка, како основен принцип на правото на фер судење и од аспект практиката и од аспект на законската поставеност. Ова, како што истакна Додевски, наметнува неминовна измена на законите за кривична постапка, но и на практиката при нивната имплементација во сите пет држави. На конференцијата беа презентирани активностите и резултатите од проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“, вклучувајќи ги и наодите од извештајот за состојбата на одбраната во системите на кривичната правда во регионот. 

Како дел од проблемите, во извештајот се нагласуваат - важноста на правото на одбрана да спроведе сопствена истрага, право на пристап до списите и доказите, како и соодветна имплементација на адверсијалните принципи на кривичната постапка со цел постигнување еднаквост на оружјата помеѓу страните.


Извор: Дневник / Објавено: 06.07.2016

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме