Македонската адвокатура на собир во Охрид

Во организација на Адвокатската комора на Република Македонија денес во Охрид се одбележува 71 година од основањето на комората и адвокатура во Република Македонија. На деновите на македонската адвокатура присуствуваат претседатели на адвокатски комори, здруженија на судии од повеќе држави од регионот и од Европа. Целта на овој настан е подобрување на состојбите на полето на адвокатурата.

­Тоа што посебно сакаме да апострофираме и тоа не е прв пат, не е новина е дека адвокатурата е неодминлив, рамноправен и би рекол клучен играч во владеењето на правото. За жал тоа многу често се заборава, се заборава дека во постапките постојат две страни и тоа сосема рамноправни и дека адвокатите се една од тие две рамноправни страни кои што ги застапуваат тезите и интересите пред судот. Се бориме секогаш во учеството во постапките бараме да имаме еднаков третман бидејки тоа не е наше барање туку на сите прописи и домицилни и мегународни конвенции, практиката на судот за човекови права, еднаквоста на оружјата, еднаквиот третман на страните, почитувањето на презумцијата на невиност и сите темелни принципи врз кои што треба да се работи, изјави претседателот на адвокатската комора на република Македонија, ­ изјави Никола Додевски ­претседател на Адвокатска комора.

Извор: Канал 5 / Објавено: 30.05.2016

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме