-->

ОНЛАЈН ХЕЛП КУРС ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа.

Овој пат, соработката продолжува со организација на ХЕЛП курс  од областа на слободата на изразување. Средбата за започнување на овој курс ќе се одржи онлајн на 29.09.2021 (среда) со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот.  Курсот е наменет за адвокати, судии и обвинители.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 17 септември 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Бидејќи се работи за ограничена бројка од 15 адвокати, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на платформата за учество на средбата за започнување на курсот.

Нацрт агендата преземете ја од линкот подолу.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме