Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ со финансиска поддршка и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираат форум за дискусија „Фокус група од страна на судството за Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација“ кое е предвидено да се одржи на 10 декември 2019 година (вторник) во хотел Мериот во Скопје, со почеток во 11:00 часот.
На советувањето е предвидено свои излагања да имаат г-ѓа Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес, г-ѓа Бојана Велковска, судија во Основниот граѓански суд Скопје и г-ѓа Жанета Поповска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Агендата презмете ја од линкот подолу.
-->