Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) организира обука на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.
Обуката е наменета за адвокати и ќе се одржи на 31 август (четврток) 2017 година во „Палас Гарден“, во Куманово.
Обуката се спроведува во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..