Адвокатската коморана РМ продолжува со реализација на обуки од областа на форензиката.
Следната обука ќе се одржи на 20 април 2017 година (четврток) од 14:00 часот до 17.00 часот, во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.
Предавач на обуката ќе биде доц. д-р Слободан Оклевски, началник на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.
Целта на обуката е адвокатите да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на учесници на една обука е ограничен и тие ќе ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.
>> Огромен интерес на првата обука од областа на на форензинката во организација на Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ