-->

Пријавете се на обука од областа на форензиката наменета за адвокати

Адвокатската коморана РМ продолжува со реализација на обуки од областа на форензиката.

Следната обука ќе се одржи  на 7 април 2017 година (петок) од 14:00 часот до 17.00 часот, во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.

Предавач на обуката ќе биде доц. д-р Слободан Оклевски, началник на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.

Целта на обуката е адвокатите да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на учесници на една обука е ограничен и тие ќе ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

>> Огромен интерес на првата обука од областа на на форензинката во организација на Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме