Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира дводневна обука на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.
Обуката е наменета за адвокати кои се занимаваат со кривичната материја и ќе се одржи на 21 и 22 ноември 2016 година во х. Рамада Плаза, во Гевгелија (организаторот не покрива трошоци за ноќевање).
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..