-->

ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА АДВОКАТИ ЗА ТЕМИ ОД РОДОВО БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО

Балканската регионална мрежа за владеење на правото (БРРЛН) – www.brrln.org, финансирана од УСАИД имплементирана од страна на  Американската адвокатска комора – иницијатива за владеење на правото, Фондацијата партнерство за транспарентност – www.ptfund.org  заедно со Адвокатската комора на РМ , и Hogan Lovells – www.hoganlovells.com – меѓународна адвокатска фирма која е посветена на про-боно работа и ги поддржува женските иницијативи, ќе организираат тридневен тренинг во Охрид од 4-6 јуни за прашања поврзани со родово базираното насилство и ефективно застапување на жртвите на истото.

Целта на тренингот ќе бидат адвокати од Македонија, кои имаат интерес да се специјализираат за да застапуваат жртви од родово-базираното насилство и да се здобијат со знаење од меѓународните стандарди  по овие прашања. Обуката ќе биде спроведена од тројца адвокати од Hogan Lovells.

Тренингот ќе ги покрие следните области:

  1. Родово-базирано насилство и применливите домашни закони
  2. Интернационални стандарди
  3. Правни лекови во граѓанска постапка
  4. Изработка на случај во граѓанска постапка
  5. Правни лекови во кривична постапка
  6. Изработка на случај во кривична постапка
  7. Практична примена на интернационалните стандарди

За повеќе информации за тренингот ве молиме видете го прикачениот документ.

Сакаме да ги охрабриме адвокатите од сите региони на земјата да аплицираат и да се здобијат со шанса да учествуваат во овој тренинг. Адвокатите кои ќе бидат избрани да учествуваат ќе бидат охрабрени да застапуваат случаи про-боно кога се работи за родово-базираното насилство, а листата на учесници ќе бидат доставенa до адвокатската комора за понатамошна дистрибуција и користење за вакви случаи.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават на е-маил:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 16 мај (понеделник), со праќање на кратка биографија и мотивационо писмо. Бројот на учесници е ограничен на 15.

Доколку имате прашања поврзани со обуката, ве молиме контактирајте ја Американската адвокатска комора – иницијатива за владеење на правото, на следната електронска адреса:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефонскиот број +389 2 3110081.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме