Адвокатската комора на РМ во соработка со ОБСЕ и Академијата за судии и јавни обвинители од 25 до 27 мај во хотелот Милениум, Битола организира обука на тема „Концептот на не-дискриминација за правни практичари“ наменета за адвокатите од Апелационото подрачје Битола.
Предавачи на обуката ќе бидат Фатмир Муса – адвокат од Скопје, Хилда Мешкова – судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје, Атанас Георгиевски – Адвокатска комора на РМ (ментор) и Жанета Попоска – ОБСЕ (ментор).
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија до 13 мај на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..