Oбука за зајакнување на комуникациски вештини со ранливи категории странки

08 Февруари 2024
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Адвокатската комора на РСМ организира обука на тема „ Начела при комуникација со жртви на дискриминација “. 

Обуките е еднодневна и ќе се одржи на 21 февруари 2024 (среда) година со почеток од 11:00 часот во Центарот за едукација на Адвокатска комора во Скопје.

Обуката се бесплатна и е наменета за адвокати почетници како и за сите адвокати со помалку од 15 години работно искуство како адвокати, а кои ќе изразат интерес за учество. 

Патните трошоци на учесниците од другите градови ќе им бидат покриени во висина на повратен автобуски билет.

Адвокатите кои се заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 19ти февруари 2024 година со пополнување на формулар на следниов линк https://forms.office.com/e/pySazGriBS

Обуката се организира во рамките на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Во рамките на проектот досега се реализирани следниве обуки:

1. Воспоставување комуникација и однос на доверба со жртви на насилство со посебен фокус на жени жртви;
2. Пристапи во комуникацијата со деца во ризик и деца жртви;
3. Техники за справување со професионален burnout и стресот од адвокатската професија;

Обуките се спроведуваат од специјализирани обучувачи по психологија.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме