(ФОТО) Одржана обука за обучувачи за „Давање на бесплатна правна помош во Северна Македонија‟

01 Февруари 2024
Триесет и пет адвокати присуствуваа на петдневна обука  за обучувачи за „Давање на бесплатна правна помош во Северна Македонија‟ која се одржа во Центарот за едукација на Адвокатската комора на Северна Македонија.

Поддржана од заедничката програма на Европска унија и Совет на Европа,  „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција‟ и во  соработка со Адвокатската комора, учесниците се обучуваа за соодветни познавања и алатки, со цел да бидат обучувачи за бесплатна правна помош во иднина. Препознавајќи ја инструменталната улога на адвокатите како даватели на секундарна правна помош, програмата го нагласува нивното круцијално влијание  врз системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.



Важноста на идните обучувачи за Адвокатската комора и за целокупниот систем за бесплатна правна помош во Северна Македонија  како двигатели на промени за подобро спроведување на законот за бесплатна правна помош и заштита на правата на граѓаните, беа нагласени во воведното обраќање на Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора и од Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

 
На обуката, учесниците имаа можност да ги подобрат своите вештини за презентација и комуникација, преку практични вежби и држење обука пред нивните колеги, на теми кои се однесуваат на бесплатна правна помош, користејќи различни алатки и симулации. Овие ново-обучени поединци се очекува да спроведуваат активности за градење на капацитетите за бесплатна правна помош за други адвокати во иднина.

Мариа Маринова Алкалај беше главната меѓународна консултантка која го спроведе делот од обуката кој се однесуваше на меки вештини, додека правните аспекти од обуката ги покрија локалните консултанти, Бојана Неткова, Гоце Коцевски, Зоран Дранговски, Маја Атанасова и Елена Георгиевска.



Оваа обука беше организирана со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија‟, во соработка со проектот за „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија‟ кои се дел од заедничката програма на Европска унија и Совет на Европа,  „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција‟.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме