Адвокатската комора на Република Северна Македонија во соработка со Македонското здружение на млади правници, поддржани од проект на канцеларијата на Советот на Европа кофинансиран од Европската Унија објавува:
За Мрежата
Формираната мрежа ќе послужи како платформа за здружување на адвокатите и граѓанските организации кои имаат интерес и работат во областа на трговија со луѓе. Нејзините примарни цели се: поттикнување критичко размислување, олеснување на размената на идеи, развој на правни стратегии, стратегии за застапување и поддршка за обезбедување квалитетна правна помош за жртвите на трговија со луѓе.
Активностите на мрежата ќе бидат приспособени за обезбедување квалитетна правна помош на жртвите на трговија со луѓе, овозможување пристап до компензација и решавање на идентификуваните празнини.
Некои од клучните активности што мрежата би ги преземала се:
- Правна поддршка за компензација
- Градење капацитети
- Правна анализа
- Стратешко застапување
- Застапување и законодавни иницијативи
- Соработка со институциите
- Мониторинг на исплатата на паричен надоместок на жртви
- Меѓународно вмрежување
Постапка и правила за пријавување, рок и избор
На овој повик имаат право да учествуваат адвокати од целата територија на државата кои ги исполнуваат следните услови:
- Минимум 3 години искуство во адвокатура;
- Претходно искуство во работа со ранливи категории на лица;
- Сертификат за завршен HELP курс на Советот на Европа за трговија со луѓе или сертификат од друг завршен релевантен курс или обука на темата;
- Претходно искуство на застапување на жртва на насилно кривично дело ќе се смета за предност;
- Претходно учество во мрежи на адвокати или невладини организации ќе се смета за предност.
Рокот за аплицирање е до 22.11.2023 година. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака – Пријава за учество во мрежа за правна помош на жртви на трговија со луѓе.
Aдвокатите кои ќе аплицираат на повикот ќе бидат известени за понатамошната соработка.