Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) ја продолжува својата соработка со Националниот Центар за државни судови на САД и во рамките на проектот „Континуирана правна едукација за адвокатите од кривичното право во Северна Македонија” финансиски поддржан од Американската амбасада во РСМ и INL - Стејт Департментот со организација на две еднодневни обуки на тема „Етички дилеми за адвокатите бранители во Северна Македонија".
Првата обука ќе се одржи на 13 декември 2023 година, а втората ќе се одржи на 14 декември 2023 година во Центарот за едукација на АКРСМ. Обуката е предвидено да трае од 09:00 до 14:15 часот. Обуките ќе се водат од страна на адвокати - обучувачи во соработка со обучувачи - експерти од САД.
Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, а по завршување на истата адвокатите ќе добијат сертификати.
Адвокатите кои се заинтересирани за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 24.11.2023 година нa имеил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , со назначување за кој датум се пријавувате (13 или 14 декември).
Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката.