Укинување на задолжителниот нотарски акт и двојно намалување на трошоците за граѓаните е целта на Предлог-законот за нотаријат

05 Април 2016

Адвокатската комора на РМ реагира на однесувањето на Нотарската комора на РМ, која преку комерцијални текстови и документарни филмови  со пристрасна содржина финансирани од Нотарската комора и објавени во некои од медиумите, како и странски лобисти, а со цел да ги зачува финасиските бенефити кои се базираат на преземање на работата на адвокатите ја дезинформира јавноста дека донесувањето на Предлог-законот за нотаријат  ќе биде неповолно за граѓаните.   Напротив, единствената вистина е дека  со новиот Закон за  се укинуваат нотарските акти како задолжителна обврска на граѓаните  двојно поскапо да ги плаќаат нотарските услуги без право на избор во  повеќе правни ситуации. Истовремено новото законско решение  со присуството на адвокати во постапки кои се од суштинско значење за граѓаните, за идентични трошоци кои се предвидуваат и кои се наплатуваат само за нотарска услуга, ќе обезбеди и зголемување на правната сигурност на странките во постапката пред нотар.

Јавноста лесно може да процени  дека двојното намалување на приходите на нотарите е вистинската причина за блокада на Законот, а не интересите на граѓаните. Дека во суштината на однесувањето на  оваа мала група на луѓе – ексклузивна фиксна бројка од 180 нотари – е блокирање на Законот и одржување на нивните огромни финансиски средства.

Изненадува фактот што за краток временски период од страна на пратеници на две политички партии токму на овој Предлог-закон беа поднесени 2.000 амандмани. Ова особено особено што 1. 000 амандамни се поднесени само два дена пред распуштањето на Собранието. За споредба, Уставниот суд на БиХ неодамна ги укина нотарските акти како задолжителни, а истовремено го либерализираше нотаријатот укинувајќи ги одредбите кои го ограничуваат бројот на нотарите (Во Република Македонија бројот на нотарите е ограничен). Во Хрватска, обидот да се воведе модел на нотаријат како македонскиот, едноставно беше одбиен без никакво сериозно разгледување. Во Србија, пак, адвокатите со четири и пол месечен штрајк спречија воведување на ваков лукративен и противуставен модел на нотаријат, каков што 18 години за жал егзистира во Република Македонија и кој без оглед на добро поткрепените финансиски блокади на законски решенија еден ден ќе биде елиминиран од правниот систем на државата.

Со почит,

Адвокатска комора на РМ

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме