На 4ти и 5ти октомври 2023 година во Скопје се одржа настан на кој се лансираше Основниот модул за меѓународна заштита на бегалци и бегалско право.
Презентиран Модул за меѓународна заштита на бегалци и бегалско право и одржана обука на темата
По презентирањето на модулот се одржа и обука која ја водеа Кристијан Михајловски, претставник на Меѓународниот институт за хуманитарно право од Санремо и Александар Гоџо, адвокат.
Обуката ја следаа 20 адвокати кои застапуваат во постапките по поднесено барање за признавање право на азил во системот на бесплатна правна помош во Северна Македонија. Адвокатите добија сертификати за успешно завршена обука.