Mакедонското здружение на млади правници во рамките на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија организира циклус од четири специјализирани обуки на следниве теми:
- Воспоставување комуникација и однос на доверба со жртви на насилство со посебен фокус на жени жртви;
- Пристапи во комуникацијата со деца во ризик и деца жртви;
- Техники за справување со професионален burnout и стресот од адвокатската професија; и
- Начела при комуникација со жртви на дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет како странки
Обуките се бесплатни и се наменети за адвокати почетници како и за сите адвокати со помалку од 15 години работно искуство како адвокати, а кои ќе изразат интерес за учество на обуките. Обуките се еднодневни и се спроведуваат со физичко присуство.
Првата обука „Воспоставување комуникација и однос на доверба со жртви на насилство со посебен фокус на жени жртви“ се одржа на 4 мај 2023 година со почеток во Public Room во Скопје, а втората обука „ Пристапи во комуникација со деца во ризик и деца жртви“ се одржа на ден 12.06.2023 година.
Третата обука на тема „Техники за справување со професионален burnout и стресот од адвокатската професија“ ќе се одржи на 01 ноември 2023 (среда) година со почеток од 12:00 часот во Public Room во Скопје.
Сите заинтересирани адвокати можат да се пријават со пополнување на формулар најдоцна до 30.10.2023 година .
Во прилог формуларот за пријава на учесници - Формулар за пријава.
На номинираните учесници дополнително ќе им бидат испратена целосна агенда за настанот.