Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски на 13.09.2022 година оствари средба со директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска и претставници на Управата.
На средбата се разговараше за прашања од значење за адвокатурата. Воедно беше истакната и важноста за унапредување и зацврстување на меѓусебната соработка.