Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатски спортски игри.
Овогодинешните адвокатски спортски игри ќе се одржат во периодот од 7-ми до 9-ти октомври 2022 година (петок-недела), во хотелот „Дрим“ во Струга. Спортскиот дел ќе се одржи во сабота, 8 октомври.
Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, куглање, влечење јаже и сл., зависно од интересот за конкретна дисциплина.
Висината на котизацијата за учество на спортските игри изнесува 4.800 денари.
Остатокот од вкупната цена која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го подмирува Адвокатската комора.
Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на имеил адресата на Адвокатската Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 1 октомври 2022 година. Пријавите по 1-ви октомври, ќе бидат разгледувани во согласност со расположливиот капацитет на хотелот.
Котизацијата се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје, со цел на дознака „За спортски игри.“ Сместувањето е во двокреветни соби.