ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ

19 Јуни 2015
Измените и дополнувања на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Службен весник на РМ бр.84/05…115/14) се објавени во Службен весник на РМ бр.97/2015 и влегуваат во сила од 20 јуни 2015 година, а ќе се применуваат од 1 ноември 2015 година.
Новините опфаќаат:
– Проширување на опфатот на категоријата ,, регистрационен агент,, со воведување на адвокатите и адвокатските друштва кои имаат овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација,
– Пријавата за упис на трговец поединец и трговско друштво ќе се одвива исклучиво по електронски пат преку Системот за е-регистрација. Пријавата за упис ќе се поднесува во хартиена форма само ако уписот се врши врз основа на правосилна судска одлука или одлука на орган на државна управа,
-Уписот на основање на трговецот поединец и трговските друштва преку Системот за е-регистрација ќе се врши без надоместок и награда,
-Регистрациониот агент трговец поединец и трговско друштво, како сметководител/овластен сметководител, вршат електронско поднесување на пријавата за упис на основање на трговец поединец, ДОО и ДООЕЛ,
-Регистрациониот агент адвокат поединец или адвокатско друштво вршат електронско поднесување на пријава за упис на трговец поединец, пријава за упис на основање, промена и бришење на сите форми на трговски друштва определени со Законот за трговските друштва во единствениот трговски регистар.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме