Известување во врска со собири на адвокати од адвокатските заедници Скопје 1, 2, 3 и 4

05 Април 2022
Врз основа на член 12, став 1, алинеја 1 и 3 и став 2 и член 23, став 1, алинеја 20 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и врз основа на член 5, став 1, алинеја 1 и 3 и став 2, член 6 и член 8 од Правилникот за адвокатски заедници, се свикуваат собири на адвокатите од Адвокатската заедница Скопје 1, Адвокатската заедница Скопје 2, Адвокатската заедница Скопје 3 и Адвокатската заедница Скопје 4. 

Собирите на адвокатските заедници ќе се одржат во хотелот Континентал по следниот распоред: 
  • Скопје 1 - 12.04.22 во 13.00 часот -  Кристална сала
  • Скопје 2 - 12.04.22 во 15.30 часот - Кристална сала
  • Скопје 3 - 13.04.22 во 13.00 часот - Свечена Сала
  • Скопје 4 - 13.04.22 во 15.30 часот - Свечена сала
Со следниот дневен ред:
  1. Избор на претседател на адвокатска заедница
  2. Избор на претставници во Собрание на Адвокатска комора на РСМ.

Списокот на адвокатските заедници Скопје 1, 2, 3 и 4 преземете го од линкот подолу.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме