ОНЛАЈН МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА: „Бизнисот и арбитражата во ерата на глобализацијата - предизвици и перспективи“

06 Мај 2021

Во рамки на своите заложби за афирмирање и развој на арбитражата како алтернативен начин на решавање на споровите и доближување на европските искуства кон македонската арбитражна практика, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Северна Македонија со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) организира onine меѓународна арбитражна конференција на тема: „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“

Програмата на Конференцијата ќе биде посветена на актуелни теми од областа на арбитражата, поконкретно на влијанието на глобализацијата и пандемијата на КОВИД - 19 врз арбитражното решавање на споровите, практичните прашања поврзани со ефикасноста на арбитражните постапки, примената на арбитражата во клучните сектори, признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки во земјите од Централна и Источна Европа, како и легитиметот на меѓународната арбитража.

Учество како говорници на Конференцијата ќе земат истакнати експерти, теоретичари и практичари од земјата и од странство, вклучувајќи адвокати од водечките светски адвокатски друштва, арбитри со децениско искуство и универзитетски професори со широки познавања од областа на арбитражата.

ПОРАДИ СОСТОЈБИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД – 19, КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ONLINE НА 11 И 12 МАЈ 2021 ГОДИНА СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛИНК КОИ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ВИ БИДЕ ИСПРАТЕН ОД ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА.

Учеството на Конференцијата е без надоместок.

Работни јазици се македонски и англиски јазик. На настанот ќе биде обезбеден симултан превод.

Вашето учество пријавета го кај следните лица за контакт:

-    д-р Елена Милевска Штрбевска, е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., телефон: 02/3244-023, 071/831-024;
-    м-р Нена Николовска, е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., телефон: 02/3244-054.

АГЕНДАТА ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА ОД ЛИНКОТ ПОДОЛУ.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме