MИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: ПРИЈАВУВАЊЕ НА АДВОКАТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ ПРАВО НА АЗИЛ

29 Април 2021

Врз основа на член 40 од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на РСМ“ бр.101/19 од 22.05.2019 година), Министерството за правда информира за:

 ПРИЈАВУВАЊЕ НА АДВОКАТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ ПРАВО НА АЗИЛ

  1. ПРЕДМЕТ

-Пријавување на адвокати за обезбедување бесплатна правна помош во постапките за признавање право на азил во Република Северна Македонија, а кои се регистрирани за давање бесплатна правна помош во регистарот на Министерството за правда.

Наведеното пријавување се спроведува согласно член 40 од Законот за бесплатна правна помош.

  1. ЦЕЛ

-Составување на специјализирана листа на адвокати од страна на Министерството за правда, кои ќе обезбедуваат правна помош во постапките за признавање на право на азил.

  1. ПРАВО НА ПРИЈАВУВАЊЕ

-Право на пријавување имаат сите адвокати кои се регистрирани во регистарот на адвокати за давање на бесплатна правна помош во Министерството за правда.

  1. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

-Сите адвокати кои се заинтересирани да обезбедуваат бесплатна правна помош и да бидат заведени во листата на адвокати за давање правна помош во постапките за признавање право на азил, ќе биде потребно да се пријават по електронски пат на следната електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со наведување на следниот предмет на пораката: “Пријавување за давање правна помош во постапка за азил“ во рок од 15 дена од денот на објавување на оваа информација.

 Прашања за појаснување може да се постават по електронски пат на погоренаведената електронски адреса.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА АДВОКАТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ ПРАВО НА АЗИЛ 

                               

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме