Со големо жалење ве информираме дека почина адвокатот Васил Ѓорѓиев од Битола.
Ѓорѓиев во Именикот на адвокатите се запишал на 11.02.1981 година. Речиси целата своја професионална кариера ја посвети на адвокатурата. Беше носител на лиценцата со број 118.
Ќе остане запаметен како исклучителен професионалец и адвокат кој секогаш се грижел за подигнување на угледот на адвокатурата.
Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изразува сочувство до семејството и најблиските.